Израел ја „прекинa врската меѓу шпанскиот конзулат и Палестинците

Израелскиот министер за надворешни работи Израел Кац изјави денеска дека одлучил да ја „прекине врската“ меѓу шпанската дипломатска мисија и Палестинците на окупираниот Западен Брег, како одговор на планот на Мадрид за формално признавање на палестинска држава.

„Решив да ја прекинам врската помеѓу шпанското претставништво во Израел и Палестинците и да му забранам на шпанскиот конзулат во Ерусалим да дава услуги на Палестинците од Западниот Брег“, рече Кац во објавата на X, додавајќи дека тоа е „одговор за признавањето на палестинската држава од страна на Шпанија и антисемитскиот повик на заменик-премиерот на Шпанија да… „да се ослободи Палестина од реката до морето“.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close