УЕФА ја претстави новата сребрена топка за завршницата на Европското првенство

Европската фудбалска федерација (УЕФА) и спонзорот на натпреварувањето претставија новина за завршните натпревари на Европското првенство.

Нова топка ќе биде користена за полуфиналињата и за финалето на шампионатот. Белата основа на топката е заменета со сребрена боја.

Од компанијата „Адидас“ објаснуваат дека сребрената боја е специјално развиена и тестирана со спортисти за да се осигура дека се издвојува на теренот, без да ја одразува светлината од површината. (gol.mk)

Back to top button
Close