Летаа столчиња, реклами и телевизори: Судир на холандските и англиските навивачи во Дортмунд (ВИДЕО

Кога ќе се судрат две спротивставени страни навивачи и нивната вкупна бројка достигнува вкупно 150.000, а на тоа ќе се додаде и многу пиво, тогаш за очекување е да има хаос. Таков е случајот во Дортмунд, каде што ќе се одигра второто полуфинале на Европското првенство. 

Холанѓани според најавите има околу 100.000, а Англичаните веројатно се околу 40-50.000. Вистински хаос се случи пред еден бар во Дортмунд. Таму се судрија две групи навивачи, а делува дека подебелиот крај го извлекоа Англичаните. 

Летаа столчиња, чаши, па дури и телевизори од двете групи навивачи. Оние кои беа најблизу си разменија и тупаници, а хаосот беше фатен и на камера. (gol.mk)

Back to top button
Close