“Тајната вечера” или сепак “Гозбата на боговите”? Или нешто сосема друго?
Колективните трпези и гозби во историјата на уметност се илјадници. Како чин на прослави, примирја, договори, митолошки и религиски предлошки …
И очекувано е кога се реферира и реконтекстуализира така често преработена тема, може да се најдат повеќе референци. Или да се реферира на неколку дела истовремено. Да се исмеат, да се цитираат со длабока почит, да се “доработат” сеедно.
Референцата на церемонијата на отворање на Олимписките игри веројатно не е „Последната вечера“ од Да Винчи, туку сепак, Празникот на боговите“ (1635) на Јан Харменс ван Бијлерт – олимписките богови ја слават свадбата на Тетида и Пелеј, со Аполон крунисан во центарот на масата и Дионис во преден план.
Стравот на конзервативниот ум го прави параноичен дека постојано некој му ги исмева симболите. Го става во низок старт за контранапад, дури и кога воопшто не е нападнат. Вечните симболи до таму му ја заробиле свеста што ги гледа и онаму каде ги нема.
Она што е интересно е да се забележи е дека досега не се нашле така вознемирени од десетиците други референци на делото на Да Ванчи (или барем не од Сталоне централно поставен со два пиштола).