Џудистот Еди Шерифовски денеска настапува на Олимписките игри во Париз
За некоја минута, со почеток во 10.00 часот ќе настапи третиот македонски спортист на Олимписките игри во Париз, Франција.
Џудистот Еди Шерифовски ќе настапи во категоријата до 81 килограм, а од Џудо федерацијата му посакуваат среќа и успешни борби.
Инаку натпреварите може да се следат на спортскиот канал „Еуроспорт 4“.
Противник на Шерифовски ќе биде Бразилецот Гиљерме Шмидт. Доколку триумфира нашиот претставник, во следната фаза ќе се бори против подобриот од борбата меѓу Антонио Еспозито (Италија) и Валентин Хуинато (Бенин).
Подолу можете да го погледнете целиот костур на мечеви за категоријата -81 кг. во џудо во машка конкуренција.