Ѓоковиќ се пласира во второто коло на УС Опен

Најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ рано утрово го победи Раду Албот од Молдавија во првото коло на УС Опен со резултат 3:0, по сетови 6:2, 6:2 и 6:4.

Во меч што траеше 2 часа и 8 минути, 37-годишниот Србин имаше 8 асови, 10 двојни грешки и 6 освоени брејк топки од 16 шанси.

Ѓоковиќ во второто коло ќе игра со сонародникот Ласло Ѓере.

Вкупниот награден фонд на Грен слемот во Њујорк изнесува 75 милиони долари

Back to top button
Close