Роналдо: Ќе играм уште две-три години, а потоа комплетно го напуштам фудбалот!

Еден од најдобрите фудбалери во историјата, Кристијано Роналдо не планира да продолжи во светот на фудбалот кога еден ден ќе мора да ги закачи копачките. Тоа Португалецот го најави во интервју за португалски „NOW“.

Кристијано Роналдо сега наполни 39 години, но вели дек апланира да остане на терените уште две, можеби и три години.

„Не знам дали наскоро ќе престанам. Можеби за две или три години. Но, најверојатно ќе ја завршам кариерата овде во Ал Наср. Многу сум среќен во клубот и се чувствувам добро во оваа земја. Среќен сум што ќе играм во Саудиска Арабија, и би сакал да продолжам да играм овде“, вели ѕвездата на португалскиот фудбал.

Поранешниот играч на Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид размислува за животот по неговата играчка кариера, но тој нема да биде поврзан со фудбалот директно.

„Воопшто не размислувам да станам тренер. Воопшто не сум размислувал за тоа. Јас не ја гледам така мојата иднина. Се гледам себеси како правам нешто друго. Но само Господ знае што носи иднината“, вели Португалецот

Back to top button
Close