Министерката Јаневска потпиша нова четиригодишна програма за соработка во образованието и науката со Хрватска
Во областа на основното и средното образование, учениците државјани на едната држава имаат право да се школуваат во другата држава под условите што таму важат, додека во високото образование, школарината е иста како и за домашните студенти. Со новата спогодба се унапредува изучувањето на македонскиот, односно хрватскиот јазик со дополнителни стипендии и продолжува доделувањето стипендии за напредни студии на високообразовни установи во двете земји.
Билатералната соработка предвидува поттикнување на размената на искуства за достигнување на високите европски образовни стандарди и овозможува поддршка во рамки на различните програми на Европската Унија и регионалната програма CEEPUS.
Договорена е поддршка за зачувување на јазикот и културата на двата народи.
Плодната и успешна образовна соработка меѓу двете држави датира од 1995 година, кога е потпишан првиот билатерален договор за културна и просветна соработка