Олимписките организатори ѝ оддадоа почит на маратонката Чептеги
Организацискиот комитет на Олимпијадата во Париз на крајот од денешниот параолимписки маратон и ѝ оддаде почит на угандската маратонка Ребека Чептеги, која почина во Кенија откако беше жива запалена од маж што се претставуваше како нејзин партнер.
Откако последните учесници на параолимпискиот маратон пристигнаа на целта, организаторите на Игрите објавија порака на француски и англиски јазик преку системот за јавно обраќање во спомен на спортистката која почина на 33-годишна возраст.
„Во нејзин спомен, ве молиме учествувајте во минута аплауз, повикаа организаторите, додека фотографијата на Ребека Чептеги беше емитувана на големиот екран над трибините.
Ребека Чептеги, која се натпреваруваше на олимпискиот маратон и заврши на 44. место, почина во четвртокот во 5:30 часот.
Таа беше хоспитализирана во неделата откако осомничениот, идентификуван како Диксон Ндиема Марангач, ја поли со бензин и ја запали во нејзиниот дом додека се враќаше од црква со своите деца.
Организаторите на Олимписките игри во Париз изразија „длабока огорченост и тага“.