Синер ја зголеми предноста на врвот, нов пад на Ѓоковиќ на АТП ранкингот

Со освојувањето на УС Опен, Јаник Синер се зацврсти на првата позиција на АТП рангирањето.

Италијанскиот тенисер е убедливо водечки со 11.180 бода, дури 4.105 повеќе од неговиот прв следач Александер Зверев. Огромни се шансите и речиси е неизбежно дека Синер ќе биде на врвот на листата на крајот на годината, за првпат во својата кариера.

Пад забележа Новак Ѓоковиќ кој сега е четвртопласиран со 5.560 бода, а пред него е и Карлос Алкараз со 6.690.

На петтата и шестата позиција се задржаа Данил Медведев и Андреј Рубљев, додека финалистот од Њујорк американскиот тенисер Тејлор Фриц напредува пет позиции до седмото место. Во топ десет се уште Хуркач, Руд и Димитров (Гол)

Back to top button
Close