Во организација на Халкбанк, во Маврово одржана уште една успешна Халк Вело Грин трка
Петтата по ред хронометар велосипедска трка Халк Вело Грин што и годинава во организација на Халкбанк АД Скопје, на 8 септември се одржа во Маврово, традиционално, како и претходните години, собра голем број вљубеници во велосипедизмот, кои, освен што се натпреваруваа, се дружеа и се забавуваа.
И годинава трката беше организирана во три категории: ХОБИ, ДЕЦА и ЈУНИОРИ (во машка и женска конкуренција). Во категоријата ХОБИ во машка конкуренција прв на целта пристигна Димитар Јованоски, втор беше Кирил Марковски, а трет Мехмед Мемеди. Во женска конкуренција најбрза беше Елена Петрова, а второто и третото место го освоија Андријана Анастасоска и Александра Танасоска.
Во категорија ЈУНИОРИ, кај девојчињата најбрзи беа Јана Ѓорѓиевска, Тија Кукунешоска и Варвара Атанасовска, а кај машките Андреј Маџоски, Константин Костоски и Филип Здравев. Кај најмладите велосипедисти, ДЕЦА, кои возеа траса долга 12 километри, првите три места ги освоија Бистра Груевска, Оља Цветанова и Калина Ѓорѓиевска од девојчињата и Андреј Лозаноски, Марко Чекеровски и Михаил Лозаноски кај момчињата.
Најдобри резултати, годинава беа тимовите Тенкоминци, Маркови Точакџии и Триоџи.
Најбрзите велосипедисти во секоја од категориите освоија и вредни парични награди кои ги обезбеди организаторот на трката – Халкбанк. Односно, првопласираните натпреварувачи во машка и женска конкуренција во категоријата ХОБИ, добија по 15.000, 10.000 и 5.000 денари за освоените прво, второ и трето место. Во категориите ДЕЦА и ЈУНИОРИ наградите изнесуваа 10.000, односно 5.000 и 3.000 денари.
И годинешната трка Халк Вело Грин како и секоја година помина со многу забава и дружење. За забавниот дел од програмата се погрижија шоуменот Викса и ди-џеј Јорданов Александар, а за храната беше задолжен Jоjo’s barbecue. За најмалите беше организирана и рекреативна трка со балансери и тротинети, а нив ги бодреше добропознатиот Халки.
Велосипедската трка Халк Вело Грин е дел од многубројните настани кои Халкбанк како силен промотор на негување здрави животни навики кај населението и зачувување на животната средина, ги организира или ги поддржува секоја година, а кои се реализираат преку платформата ХалкЕко. Во нејзиното средиште е истоимената апликација со која банката го охрабрува секој корисник да биде физички поактивен, еко свесен и да ја мотивира заедницата со своите секојдневни здрави навики.
Халк Вело Грин успешно ја постигнува и својата зелена мисија, бидејќи со средства генерирани во заедништво на организаторот и учесниците на трката досега се засадени над 20.000 садници на повеќе локации во земјата.