Вучиќ со Давковa за градење поблиски односи меѓу двете земји и поддршка на европскиот пат

Претседателот на Србија Александар Вучиќ се сретна со претседателката на Северна Македонија Гордана Сиљановска Давкова во Њујорк, каде што учествуваат на заседанието на Генералното собрание на ОН, на приемот по повод Самитот за иднината, јави дописникот на МИА од Белград.

-Секогаш ми е драго што се среќавам со пријатели од регионот. Со Гордана Сиљановска Давкова за натамошните чекори во градењето на што поблиски односи, како и за взаемната поддршка на европскиот пат и предизвиците со кои се соочуваме во тој процес, напиша Вучиќ на својот Инстаграм.

Претседателот Вучиќ денеска ќе се обрати пред учесниците на 79-та сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, а за време на престојот во Њујорк, Вучиќ до 27 септември ќе има билатерални средби со повеќе од 40 светски лидери.

Back to top button
Close