Истражување на ЦГК: На тендерите често има корупција, најмногу поради политички интереси и поткуп
Во само четири отсто од институциите, службени лица, како лице за јавни набавки, претставник на раководството или друг вработен, во текот на последните неколку години ги известите надлежните институции за сторена корупција во јавните набавки, и тоа три отсто ја известиле Државна комисија за спречување на корупцијата, а еден отсто Обвинителството.
Во делот на Истражувањето кај фирмите за нивното искуство при учество на јавните набавки учествувале 336 фирми, а за повеќето од фирмите или 55 отсто најниската цена како критериум за избор е најчестиот проблем со кој се соочуваат во јавните набавки.
Со проблемот на обемност на документацијата потребна за учество на тендерите се соочуваат 42 отсто од фирмите.
Како стар и долгогодишен проблем со што се соочуваат фирмите е приспособувањето на условите за учество на тендерите кон одредени понудувачи, за што се изјасниле 38 отсто од фирмите.
Половина од фирмите сметаат дека во јавните набавки има корупција.
„51 отсто од испитаните фирми сметаат дека во јавните набавки има корупција (лани биле 46 отсто). Од нив, 42 отсто сметаат дека корупцијата во јавните набавки е застапена често, а 9 отсто секогаш“,се вели во истражувањето на ЦГК.
Според ЦГК, Индексот на рационалност открива големи разлики по кои институциите купуваат исти производи или добиваат исти услуги.
Така, за услугата за изнајмување фотокопирни апарати, институциите плаќале од 0,83 до 1,42 денари по испечатена страница во А4 формат во црно-бела боја. Највисоката цена што ја платила Општина Центар за оваа услуга, е за 71 отсто повисока од цената платена од страна на Природноматематичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
Здравствените установи за набавка на хируршки конци плаќале од 159 до 333 денари. Така, највисоката цена, која за оваа услуга ја платила ЈЗУ Универзитетска Клиника за неврохирургија е за 109 отсто повисока од
цената која ја плаќала ЈЗУ Клиничка болница Битола.
Како што може да се види од табеларниот приказ, ЈЗУ Универзитетска клиника за неврохирургија, која платила највисока цена, не набавила многу помала количина од ЈЗУ Клиничка болница Битола, кај која е забележана најниска единечна цена за набавка на хируршки конци.
Базата на податоци за јавните набавки на општините, пак, открива дека во 2023 година, за една година вредноста на јавните набавки на 80-те општини и Градот Скопје е зголемена дури за 46 милиони евра, односно 40 отсто во споредба со претходната година. Најголемувања имале Град Скопје, Карпош, Сарај и Гази Баба.
Најголеми зголемувања имале Град Скопје, Карпош, Сарај и Гази Баба.