Земјотрес во Берово и околината


Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда ML од 3.2 степени е регистриран вечерва во 21 часот и 28 минути, во епицентралното подрачје Делчево-Берово, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението на Берово и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Back to top button
Close