„Европскиот фронт“ бара одговорност од Таравари за смртта на 14-месечното дете

Според „Европскиот фронт“, министерот за здравство тенденциозно ја релативизира целата ситуација, што во нормална држава, како што додаваат, ќе резултираше со негова и оставка на директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди
Пратеничката група на „Европскиот фронт“ денеска побара оставка од министерот за здравство Арбен Таравари во врска со смртта на 14-месечното бебе и го обвини оти не добило соодветен третман на Детската клиника.

Изразија загриженост за работата на здравствениот систем и на министерот за здравство, Арбен Таравари, кого го обвинија дека нема морална одговорност и мотивација за, како што велат, да се однесува како човек во ваква ситуација. Според „Европскиот фронт“, Таравари тенденциозно ја релативизира целата ситуација, што во нормална држава, како што додаваат, ќе резултираше со негова и оставка на директорот на Клиниката, Реџеп Мемеди.

„Деновите минуваат, а директорот на Детската клиника Реџеп Мемеди и понатаму нема слух за скандалите во установата каде што е директор, поради што животот го загуби 14-месечно бебе, а пак претходно деца беа тепани од вработени и им беше забрането да зборуваат албански. Секако дека е зафатен со многу работа за да ги вработи членовите на неговото семејство, неговиот братучед и во исто време да ги прикрие скандалите за финансиска злоупотреба во оваа клиника“,

порачаа пратениците од пратеничката група на „Европскиот фронт“.
До министерот Таравари упатија апел „да ги ослободи Албанците и сите други и да не ги носи на душа“, а од надлежните морална одговорност за смртта на 14-месечното бебе и транспарентна истрага до утврдување на правната одговорност на виновниците.

Back to top button
Close