Деркоски кој го советува Тошковски пак седна на обвинителна клупа – со измените на КЗ и него му се заканува поблага санкција

Поранешниот претседател на Државната изборна комисија, Оливер Деркоски повторно седна на обвинителна клупа, откако Апелациониот суд го врати предметот за набавката на софтверот што беше купен за парламентарните избори во 2020 година, на повторно судење, пренесе Фокус.

Од Кривичниот суд за „Фокус“ велат дека првото рочиште веќе се одржало на 2 октомври кога странките дале свои воведни зборови и судењето ќе продолжи следната недела на 15-ти.

Деркоски првично беше ослободен од обвинението за злоупотреба на службената положба и овластувања, но второтстепениот суд по жалба на обвинителството го врати случајот на повторно судење.

Со оглед на тоа што Деркоски се гонеше за став 5 од членот 353 од Кривичниот законик, кој по контроверзно донесените измени на КЗ беше укинат, обвинителот го преквалификувал делото против него и сега се гони по член 3.

-Кривичното дело согласно напатствијата на Апелациониот суд Скопје и измените на КЗ е преквалификувано од член 353 став 5 вв став 1 вв член 45 во член 353 став 3 вв став 1 вв член 45., велат од Обвинителството за „Фокус“.

Ставот пет од овој член се однесуваше на злоупотреба на службената положба и овластувања при вршење јавни набавки или штета на државниот Буџет и во тој член не беше предвидена максимална казна, односно предвидена беше казна од најмалку пет години, но со измените беше избришан.

Повеќе

Back to top button
Close