Мицкоски од Берлин: ЕУ мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка
Премиерот Христијан Мицкоски од Берлин порача дека Европската унија мора да ги поддржи државите кои покажуваат зрелост, одлучност и соработка за заедничката цел. Како што рече, Македонија прави многу на овој план.
Мицкоски учествува на состанокот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес.
Германскиот канцелар Шолц изјави дека ЕУ не е целосна без државите од Западен Балкан“,напиша Мицкоски на Фејсбук.
Германскиот канцелар Олаф Шолц денеска на отворањето на Берлинскиот процес изјави дека ЕУ е комплетна само со Западен Балкан како нејзин дел