Четири месеци, секојдневно синот ја објавува фотографијата од исчезнатата мајка
Веќе четири месеци по ред, секој ден на социјалните мрежи малолетниот син на светиниколчанката Злата Јанкова (45) ја објавува нејзината фотографија, со апел дека е исчезната, и доколку некој знае што и се случило, да му јави на семејството, пишува Фокус
Но, и по сите овие изминати месеци, од жената нема никаков траг. Мајка на две деца, сопруга, посветена на семејството, на 16-ти јуни тргнала од село Орел, каде со сопругот имале викендичка, да си оди во домот во Свети Николе.
Среде бел ден исчезнува и никогаш не стигнала во домот. На сопругот Дејан му кажала дека ќе си оди со такси, но подоцна се утврдило дека не повикала возило.
Од тој ден, за фамилијата започнала агонијата. Пријавиле во полиција, се трагало по неа со дрон, со кучиња трагачи, се вклучиле полициски екипи и го пребарале теренот околу селото. Без докуманти и без поголема сума на пари, со мобилен телефон кој по кратко време се исклучил, Злата останува нерешен случај за нашите институции.
…