Скопјанец со удари по глава, стомак и грб ја претепал партнерката, ОЈО бара притвор

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот

Триесет и двегодишен скопјанец завчера ја претепал својата вонбрачна партнерка во близина на домот. Основното јавно обвинителство Скопје најави дека ќе спроведе истражна постапка против него за кривично дело тешка телесна повреда од член 131.

Во извештајот од Обвинителството се вели дека меѓу двајцата на 14 октомври настанала вербална расправија во такси-возило додека се враќале кон својот дом. Кога биле во близина на домот, осомничениот ја фатил жената за коса, ја извадил од такси-возилото и ја удрил со глава во челото, а од ударот ѝ ја пукнал левата аркада.

Потоа, додаваат од Обвинителството, продолжил да ја удира по носот, вилицата, стомакот и грбот, нанесувајќи и тешки телесни повреди – контузија, фрактури и крвни подливи.

До судијата на претходна постапка од Основниот суд во Скопје, јавниот обвинител достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот

Back to top button
Close