Велибор Манев им го покажал телото на Панче, Кешишев не сакал да гледа кон телото на Вања

Истрагата за свирепото убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска кулминирала со мрачно откритие, кога истражителите го пронашле телото на девојчето во околината на Бразда. Началникот Дејан Димовски во своето сведочење ги опиша клучните моменти од тој ден.

„Продолживме со копање, иако беше тешко. Колегата дури мораше да земе лопата од селото. Во еден момент се појави нешто бело – тоа беше лицето на девојчето. Престанавме да копаме за да не го оштетиме телото,“ изјави Димовски. Истражителите веднаш ги известиле надлежните, а на местото останале да го осигураат доказот.

„Телото на девојчето изгледаше како да е живо. Рацете ѝ беа врзани позади грб, исто така и нозете, а на устата имаше лента. Носеше иста облека каква што ја баравме,“ продолжи Димовски, опишувајќи ја шокантната сцена која истражителите ја откриле.

Истовремено, колегите во Велес разговарале со Велибор Манев, кој признал дека постои уште едно тело, кое го однеле на друга локација. Според Манев, со групата бил и Боре, познат по својот карате тренинг.

Оваа трагична и емотивно тешка сцена наоѓањето на телото го означила клучниот момент во истрагата, поврзувајќи го убиството на Вања со претходните злосторства. (tv21)

Back to top button
Close