Јотова ги повика македонските власти на поголемо разбирање на европските вредности и почитување на човековите права

Северна Македонија да има подлабоко разбирање за европските вредности и да ги почитува човековите права и правото на изразување, повика потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова, која денеска говореше на тркалезна маса во Ќустендил на тема „Бугарите на Балканот надвор од границата по 1878 година“.

Неприфатливо, според бугарската потпретседателка, е една земја да толерира непочитување на човековите права и газење на правото на изразување. Додаде дека пристапните преговори со ЕУ нема да бидат завршени доколку некоја земја смета дека не се почитуваат човековите права на претставниците на различни народи и етникуми.

Се осврна и на Договорот за добрососедство со Бугарија, за кој рече дека наместо имплементација, се оди во спротивна насока на тоа добрососедство.

„Агресијата е непростлива, не само вербална, туку и кога насилството маскира упорен и длабоко погрешен концепт и, уште повеќе, неуспехот да се имплементираат веќе преземените меѓународни обврски“рече Јотова.

Јотова изрази надеж дека С Македонија ќе напредува на својот пат кон Унијата, а тоа, како што рече, ќе биде можно само доколку Скопје ги исполни меѓународните ветувања и се откаже од говорот на омраза

Back to top button
Close