Анима мунди: Птичји грип не се спречува со кршење вратови и со стрелање од пушки

Птичји грип не се превенира со кршење вратови, фрлање живи во канта и стрелање со пушки, објави здружението за заштита на животни Анима мунди, по повод акцијата на Агенцијата за храна во скопската зоолошка градина. Анима мунди повикува на „итен прекин на акцијата, разум и одговорност“.

– Иако во Македонија не е забележан ниту еден случај на птичји грип кај домашната живина и вирусот на птичји грип е речиси без никаква опасност за здравјето на луѓето, за само еден ден направен е масакар врз птици во Зоо Скопје. Најсурово, со пушки, кршење вратови, фрлање живи во канти за ѓубре, ликвидирани се 24 патки, 6 гуски, 5 кокошки и една чавка, која била присутна на локацијата. Прашуваме кој извршил тестирање и докажал присуство на птричји грип и кој се шансите да не се во право? – наведува здружението.

Анима мунди притоа забележува и дека со акцијата не биле опфатени орли, мршојади, ара папагали, птици заштитени со закон и ретки видови птици пред истребување.

– Повикуваме на разум, ако некој го има, и итен прекин на ова лудило. АХВ, Институт за јавно здравје, сите надлежни, бараме итно ова да запре! Бараме одговорност за сите што наредиле и спровеле вакво умоболие врз животните – наведува Анима мунди во соопштението до јавноста

Back to top button
Close