На „Деве Баир“ лишен од слобода турски државјанин, покажал фалсификувани зелени карти

На Граничниот премин „Деве Баир“, на излез од државата, денеска во 02.20 часот полициски службеници го лишиле од слобода А.Ч.(43) од Република Турција.

Како што соопштија од МВР, при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека А.Ч. приложил две фалсификувани зелени карти за товарно возило „ДАФ“ и полуприколка „тирсан“ со турски национални ознаки кои ги управувал.

Тој бил предаден на полициски службеници во Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка

Back to top button
Close