Почина Зоки Фаци
По долга борба со ракот, утрово почина новинарот и водител Зоран Василевски, познат како Зоки Фаци. Веста за неговата смрт ја објави неговиот пријател Стефан Лазаров.
„За жал ова утро во 6:40 почина Зоран Василевски. По долга борба со ракот тој не успеа. Македонија изгуби новинар, другар, човек кој знаеше да помага на сите“ напиша Лазаров.
Тој неколку години се бореше со туморот. Болеста му беше дијагностицирана во 2022 година, по што се оперираше, но за жал ракот се врати.
Зоки неодамна беше и во Турција, каде што требаше да биде опериран, но лекарите таму му соопштиле дека ракот метастазирал на коските.
Зоки ќе го помниме и по неверојатната храброст, волја и неисцрпната позитивната енергија кои го држеа и до крајот на последната борба.
Неговото испраќање ќе биде во недела во 12.00 часот, во црквата Свети Никола во Катланово, а во 13.00 часот ќе биде погребан на гробиштата во Катланово.