Шпанија се подготвува за нови дождови, најмалку 158 луѓе загинаа во катастрофата
Портокалово временска тревога е прогласена за неколку области во шпанските провинции Валенсија и Кастелон, откако во разорните поплави загинаа 158 луѓе. Армијата е повикана да им помогне на погодените области на Валенсија.
Продолжува потрагата по исчезнатите во поплавите во Шпанија. Бројот на загинати достигна 158, во Валенсија и околните населени места – 155 лица, а само во Паипорта, предградие на Валенсија, загинаа најмалку 40 лица. Три лица загинаа во Кастиља Ла Манча и Андалузија.
Портокаловата метеоролошка тревога сè уште е активна за неколку области на провинциите Валенсија и Кастелон, како и јужниот дел на Тарагона, соопшти шпанската метеоролошка служба.
Надлежните апелираа до граѓаните да не ги напуштаат своите домови доколку не е потребно.
Во потрагата по исчезнатите од денеска се приклучуваат уште 500 војници.
Претседателот на регионот Валенсија, Карлос Мазон, напиша на платформата X дека воената единица за итни случаи ќе биде вклучена во обезбедувањето помош.
Министерството за одбрана на Шпанија извести дека до средата навечер само војници извлекле 22 тела и спасиле 110 лица од поплавените подрачја.
Шпанската полиција соопшти дека 39 лица се уапсени како дел од операцијата за спречување на криминалот започната во трговските области погодени од поплавите. Пронајдена е поголема количина на украдена стока“, соопшти полицијата.Новинската агенција Европа Прес објави дека регионалното Министерство за земјоделство „итно договорило“ отстранување на угинати животни од фармите, како и поправка на патиштата што водат до добитокот.
Во извештајот се наведува дека областа погодена од поплавите се соочува со голема загуба за фармерите и сериозен јавно здравствен проблем и дека животните ќе бидат отстранети бесплатно.
Како што објави Pais, снабдувањето со електрична енергија е обновено за 75 отсто од ранливите корисници во Валенсија.
Повеќе од 150 патишта се уште не се подготвени за сообраќај. Многумина останаа непроодни поради големото количество вода, заглавени возила и кал.