Вечерва пукање во Арачиново најмалку двајца ранети
Ново пукање вечерва се случило во скопското село Арачиново дознава 24инфо.мк.
Според информациите најмалку две лица се ранети во престрелката.
Двајца арачиновци се повредени во пукање што денеска се случило во селото, информираат за „360 степени“ од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Станува збор за лицата С.А. и А.А. кои околу 19 часот со повреди од огнено оружје биле пренесени во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ за укажување на медицинска помош.
Според информациите од МВР, во лицата било пукано од возило „ауди“ во кое имало две лица.
„На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од село Арачиново. Според пријавеното, во нив во село Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило ‘ауди’“,информираат од МВР.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
СПОДЕЛИ