Владата ќе му помогне на семејството Саздовски


Мицкоски денеска информираше дека Владата ќе му помогне на семејството на Васко Саздовски, кој вчера загина во трагичната несреќа во Нови Сад при уривањето на бетонската натстрешница на тамошната железничка станица.

– Во текот на вчерашниот ден се слушнав и комуницирав со министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Тој воспостави контакт со неговиот српски колега. Работиме и ќе помогнеме се што е потребно за да, колку што можеме да ја ублажиме болката поради овој немил настан -рече Мицкоски.

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски денеска иницираше вонредна седница на Совет на општина Куманово на која предлага да се донесе одлука за финансиска помош на збратимениот град Нови Сад, поради настанатата несреќа, како и финансиска помош на семејството на загинатиот македонски граѓанин.

Македонски државјанин Васко Саздовски, кој работел како научник во фирмата „Биосенс“ е меѓу загинатите 14 лице во страшната несреќа која вчера се случи во Нови Сад. 45-годишниот Саздовски е од Свети Николе и е татко на две деца.

Back to top button
Close