Ахмети: Најдобро решение е идната година да се одржат заеднички парламентарни и локални избори

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со турскиот амбасадор во државата, Фатих Улусој, при што порача дека се посветени за градење на стратешко партнерство со Република Турција, земја која без резерва нè поддржува за членство во НАТО и Европската Унија.

Ахмети и Улсој разговарале и за актуелните прашања со кои се соочува земјата, но и регионот.

„Ахмети го информираше амбасадорот Улусој дека ДУИ воопшто не се колеба во заложбите за интегрирање на земјата во Европската Унија и ќе продолжи да дејствува за реализација на оваа цел“,се вели во соопштението од ДУИ по средбата.

Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети денеска во седиштето на партијата во Тетово се сретна со турскиот амбасадор во државата Фатих Улусој / Фото: ДУИ
Коментирајќи ја Владата без етнички легитимитет, која ги исклучи етничките претставници, како што информираат од ДУИ за деталите од средбата, Ахмети нагласи дека веднаш мора да престане непочитувањето на Охридскиот договор и омаловажувањето на заедниците во земјава.

„ДУИ смета дека најдобро решение за состојбата со тензичните меѓуетнички и меѓусоседски односи, како и европската бесперспективност, се заедничките парламентарни и локални избори во октомври 2025 година. Затоа, го прифативме јавниот предизвик на премиерот Христијан Мицкоски и ја поздравуваме подготвеноста на другите опозициски партии да се соочат со заеднички избори следната година“,информираат од партијата.

Повикот за предвремени избори го упати премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница, одговарајќи на пратеничко прашање од лидерот на СДСМ, Венко Филипче, за што лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети му одговори: „Ајде да видиме колку држиш до зборот. Се гледаме во октомври, подготви се добро“

Back to top button
Close