ДЗСИ: Нема пропусти во случајот со починатото бебе од Струмица
Нема пропусти во случајот со бебето кое почина пред неколку дена на Детската клиника во Скопје, а кое беше донесено од Струмица. Ова го утврдил вонредниот инспекциски надзор на Државниот здравствен инспекторат.
Од Здравствениот инспекторат велат дека вонреден надзор бил направен и во Детската клиника и во струмичката болница, но и кај матичниот гинеколог на мајката. Бебето според лекарите од Детска било донесено во критична состојба и со тешка сепса.
Бебето било родено во струмичката болница, и пуштено дома во добра здравствена состојба, по осум дена родителите го донеле во болницата во струмица во фебрилна состојба, според тамошните доктори, пружена му била нега но по неколку дена поради неговата состојба со медицински транспорт било препратено на Детската клиника во Скопје, каде во петокот минатата недела почина