Министерство за јавна администрација: СДСМ изнесува тенденциозните и манипулативни тврдења

Министерството за јавна администрација ги отфрла тенденциозните и манипулативни тврдења изнесени од страна на СДСМ и ги потсетува дека е потребно да направат разлика помеѓу реформа на јавна администрација и законските решенија кои произлегуваат од уставна категорија.

Министерството за јавна администрација јасно и недвосмислено ги следи и спроведува сите одлуки на Владата на Република Македонија, како и Уставниот суд, со заложби кои се насочени кон долгорочен развој на јавната администрација преку професионални, транспарентни и инклузивни реформи кои ќе обезбедат ефикасна и одговорна јавна служба за сите граѓани, за разлика од претходниот затворен пристап на Владата на СДСМ.

Потсетуваме, решенијата од уставна категорија, како што е случајот со „балансерот,” бараат одговорен и експертски пристап, ослободен од политички влијанија.

Дневната политиката мора да биде надвор од процесот на создавање закони од уставна категорија.

Работната група што работи на новото законско решение за ова прашање е составена од експерти, и истото треба да се испрати на увид до Венецијанската комисија, со цел да се осигура усогласеност со европските стандарди и правната рамка на државата.

Исто така, истакнуваме дека Стратегијата за реформа на јавната администрација и Акцискиот план, не е сопственост на ниту една политичка партија, туку е план усогласен со потребите на државата и приоритетите за напредок на Република Македонија на патот кон Европската Унија.

Секој обид за манипулација на јавноста со неосновани обвинувања е контрапродуктивен и на штета на граѓаните.

Министерството за јавна администрација останува посветено на својата мисија и продолжува да работи на конструктивен, професионален и транспарентен начин, со цел да ја модернизира и реформира јавната администрација на начини кои се во корист на сите граѓани.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, ја извршува својата функција исклучиво во служба на граѓаните, посветен на реформите кои ќе придонесат кон современа, ефикасна и транспарентна администрација.

Политички обвинувања и манипулации нема да го одвратат Министерството од стратешкиот правец кој води кон квалитетна јавна администрација, насочена кон доброто на граѓаните и во согласност со европските вредности.

Back to top button
Close