Кираца Трајковска смета дека таа открила дека ,,цитроенот” со кој е киднапирана Вања е на исчезнатиот Панче
Поранешната директорка на Фершпед, Кираца Трајковска, сведочеше на денешното судско рочиште за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.
Таа во моментот на исчезнувањето на Вања се наоѓала во Србија, но како што раскажа, била дирекно вклучена во потрагата на девојчето преку нејзиниот син Гоце, кој бил во станот на семејството Ѓорчевски. Врската помеѓу двете семејства пак е старо кумство.
Трајковска појаснуваше дека нејзината интуиција ја навела да мисли дека ,,цитроенот” е сомнителен и го поврзала со исчезнатиот велешанец, но не можеше да се сфати како точно дошла до таков заклучок.
Рече, дека кога ,,цитроенот” им станал сомнителен, бидејќи поминал во близина на зградата, го поврзале возилото со Панче Жежовски, за кој слушнала дека е исчезнат, па помислиле тој ја грабнал Вања