Роналдо нема да игра против Хрватска

Португалија го осигура првото место во Групата 1 од А сегментот од Лигата на нации на коло до крајот по убедливата победа од 5-1 против Полска.

Затоа селекторот Роберто Мартинез реши да ги одмори четворицата најдобри играчи и да не ги однесе на последниот меч против Хрватска.

Дозвола да се вратат во своите клубови добија Кристијано Роналдо (Ал Наср), Бернардо Силва (Манчестер Сити), Бруно Фернандеш (Манчестер Јунајтед) и Педро Нето (Челси).

Ова значително ќе и ја олесни работата на Хрватска на која и е потребен само еден бод за да обезбеди пласман во четвртфиналето. Натпреварот е закажан за понеделник, 18 ноември во 20.45 часот на стадионот Пољуд во Сплит.

Извор: Екипа

Back to top button
Close