Дејан Дуковски: Никој не ги слуша паметните, сите ги слушаат гласните. По малку се стана како мочање во ветер
„Живеј како сакаш, и остави ги другите да живеат“. Но, на луѓето на Балканот им е тешко да не се занимаваат со туѓиот „двор“. Тешко е да се скршат патријархалните кодови, стереотипите и предрасудите. Овде законските прописи се едно, а разбирањето и толеранцијата на општеството и околината е друго.
На Балканот тешко се кршат патријархалните кодови, стереотипите и предрасудите. Овде законските прописи се едно, а разбирањето и толеранцијата на општеството е друго. Понекогаш законите на примитивните обичаи и средини се пострашни од институционалните закони. Бидејќи не само што немаме традиција на демократско општество, туку и овие новосоздадени држави се квазидемократски, некакви авторитарни мутанти, вели Дејан Дуковски за Данас.
Македонскиот драматург – постмодернист чии дела одамна се дел од репертоарите на најелитните европски театарски куќи и сцени ширум светот, добитник на наградата на Бонското биенале за најдобар драматург од Источна Европа, повторно е пред нашата престолнина и публика (Белград н.з.), а ова враќање е веќе еден вид културен настан од самиот почеток. Новата драма „Црно злато“ на Дуковски е во режија на Оливер Фрљиќ, еден од најважните, најпровокативните и најрадикалните режисери во Европа, а ќе ја видиме за премиерата во Белградскиот драмски театар кон средината на јануари следната година.
Пробите за премиерата на оваа претстава почнаа во септември, речиси „инкогнито“, недостапни за медиумите и јавноста, а ексклузивноста на новата продукција е враќањето на Фрљиќ на Белградската сцена со оваа режија по дванаесет години – во 2012 година во Ателје 212 ја режираше претставата „Зоран Ѓинѓиќ“, која ја освои Големата награда на 47. Битеф.
Дуковски во интервју за Данас открива на што се базира и кои теми ги обработува трагикомедијата „Црно злато“, чие дејство се случува „денес и некаде овде“, во рамките на нашите непомирливи и дезориентирани балкански семејства, кои се одраз на сите општествени промени и преломи…
(…)
– Поднасловот на тој текст можеби би можел да биде Опиум. Црното злато се однесува на опиумот, кој порано бил бизнис на семејството во кое се случува оваа драма. Тогаш тоа беше легален бизнис. Некои од сцените се одвиваат на полиња со расцутени афион. Самата семејна драма не се занимава со тоа, туку тоа е некаква позадина на тоа семејство, и имотот што го поседува. Тој наслов „Црно злато“ е повеќе рамка или контекст отколку вистинскиот фокус на драмата, вели Дуковски.
Во оваа приказна ја отворате темата за идентитетот во поширока смисла, прашањето за трансродовите лица, семејството кое е „слика и прилика“ на сите општествени промени и преломи. Каков е односот помеѓу семејството и општеството?
Фокусот на драмата „Црно злато“ е конфликтот во семејството. Станува збор за стар конфликт меѓу таткото и синот, кој некогаш поради тоа го напуштил семејството, а сега по долго време се враќа дома како „ќерка“. Успешна жена. Во основа, ова е драма за еден трансвестит на Балканот, кој се бори со својот татко, околината, општеството, за правото на својот идентитет и место под Сонцето. Заплетот на драмата се одвива во дисфункционално семејство, во дисфункционално општество. И во театарската традиција, она што се случува во семејството обично е одраз на она што се случува во општеството.
За потсетување, во Германија имаше значајно ЛГБТ движење во 19 век, во периодот меѓу двете светски војни во Берлин излегуваше првото лезбејско списание, беа снимени првите филмови со ЛГБТ теми, но со доаѓањето на Нацистите дојдоа беше развиена системска државна хомофобија: заедно со Евреите, Ромите и комунистите во логорите на смртта беа и ЛГБТ лицата, во име на „чистотата и просперитетот“ на општеството, нивните семејства се откажаа од нив и со децении не беа споменати во воените архиви како жртви на Нацистите… Како гледате на тоа што во име на новиот „просперитет“ во текот на 90-тите и на овие простори многу граѓанско и цивилно беше уништено?
– Постојните диктатори и автократски режими ни ден денес не се далеку од нацистичките методи во лекувањето и искоренувањето на различните облици на девијантност, но и во „лечењето“ на различностите. Историјата е полна со грозоморни примери на исклучивост, кои денес никако не би смеело да се повторат. Демократијата е воспоставена како цивилизациска промена, општествено уредување кое по својата дефиниција подразбира прифаќање на различностите – национална, расна, верска, полова, образовна, сексуална ориентација…„Живеј како сакаш, и остави ги другите да живеат“. Но, на луѓето на Балканот им е тешко да не се занимаваат со туѓиот „двор“. Тешко е да се скршат патријархалните кодови, стереотипите и предрасудите. Овде законските прописи се едно, а разбирањето и толеранцијата на општеството и околината е друго.
Понекогаш законите на примитивните обичаи и животна средина се пострашни од институционалните закони. А искреното разбирање на разликите, прифаќањето и толеранцијата се нешто што на нашите простори го учиме многу тешко и бавно. Не само што ја немаме традицијата на демократско општество, туку овие новосоздадени држави се и квазидемократски, некакви авторитарни мутанти. Но, ќе мораме да научиме разбирање и толеранција, и да ги негуваме како вредности, ако конечно сакаме да живееме нормално еден до друг. Ми се чини дека поранешна Југославија имаше барем некој привид на граѓански слободи, но во основа, иако беше многу либерална во многу работи, сепак беше земја со комунистички закони.
(…)
Дејствието на вашата драма се одвива денес и некаде овде – главниот лик на „Црно злато“ го променил полот, а неговото враќање во семејството по долги години доведува до конфликт поради недоразбирање за тоа кој е тој/таа… Дали овој конфликт е очекуван, ако повеќе од три децении сме заглавени во општества кои ја контролираат нашата национална, политичка, верска и сите други определби, а особено сексуалната ориентација?
– Изворот на драмата е стар конфликт меѓу татко и син, а заплетот започнува од моментот кога овој изгубен син се враќа дома како успешна и богата жена. Таа може да ја поправи финансиската состојба на семејството кое во меѓувреме се распаднало. Но, стариот конфликт не е заборавен и не дава мир. Едноставно, во тој Едипов или Електрин конфликт нема место за помирување и разбирање. Нема можност да се прифати различноста. Тоа не е само генерациски јаз. Синот, од либерална средина каде што нема проблеми со својот идентитет, се враќа во средина која сè уште е длабоко закопана во својата непомирлива патријархалност. Во таа смисла, тој конфликт во семејството е очекуван.
Што се случува со човекот ако е oтфрлен од таму каде што, според суштинската природа на семејството, би требало да најде разбирање, и што се случува со семејството во општество каде идентитетите не се градат врз култура, етички вредности, дијалог засновани на елементарна човечка солидарност?
– Се случува тој што може, веројатно да избега од такво општество. Слики на бегалци од сите страни ги гледаме секој ден. Нè има повеќе низ светот отколку овде. Го знаеме проблемот…
(…)
превод: Лени Фрчкоска
Интервјуто со Дејан Дуковски за Данас во целост прочитајте го тука