Екс директорот на болницата во Кичево вели дека не го украл ехо апаратот: Голем е колку врата
Станко Трпески, поранешен директор на болницата во Кичево, ја негира објавената вест дека полицијата пронашла украден ехо-апарат во неговиот дом. Тој во изјава за „Слободен печат“ истакнува дека апаратот никогаш не ја напуштил болницата, а полиција не дошла во неговиот дом.
„Ова е шокантно и штетно за мојата репутација. Апаратот никогаш не го земав, ниту ми беше потребен. Тој е голем колку врата и има баркод, па ако навистина бил присвоен, лесно би бил пронајден“, вели Трпески. Според него, обвинението е дел од политички организирана хајка која има за цел да го оштети неговото име.
Трпески додава дека апаратот целосно останал во болницата и не можел да биде изнесен без да биде забележан, бидејќи целата болница е покриена со камери