Филипче: Преку успехот на Шекеринска, Северна Македонија ја потврдува својата вредност како дел од најзначајните меѓународни процеси

 

Честитки, Радмила! 💪🌍🇲🇰

Радмила Шекеринска е вистинскиот избор за втор човек на НАТО – најмоќниот воено политички сојуз во светот. Со нејзиното долгогодишно искуство, посветеност и професионалност, силно верувам дека успешно ќе се носи со најголемите предизвици кои и претстојат.

Ова назначување е доказ дека нејзиниот труд и професионалност се ценети на глобално ниво. Преку нејзиниот успех, Северна Македонија уште еднаш ја потврдува својата вредност и капацитет да биде дел од најзначајните меѓународни процеси. Ние сме рамноправна членка на НАТО која има што да понуди за глобалната безбедност и стабилност.

Назначувањето на Шекеринска е уште една потврда за исправноста на политиките и историскиот успех на СДСМ и Владата, кои со посветена работа успеаја да ја внесат Северна Македонија во НАТО. Со тоа, не само што ја обезбедивме сигурноста на нашата земја, туку го зацврстивме нашиот идентитет како стабилен и доверлив партнер на меѓународната заедница.

На Радмила ѝ посакувам големи успеси во новата улога. Знам дека нејзината работа ќе биде инспирација за многумина, особено за младите кои треба да веруваат дека со многу труд и работа може да се постигне секој успех – стои во честитката на лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Back to top button
Close