Зошто Меркел ја блокираше Украина во НАТО?

Дали политиката на Меркел кон Русија е делумно одговорна за војната во Украина? Во нејзините мемоари, поранешната канцеларка објаснува зошто го отфрлала брзото членство на Украина во НАТО.

Се работи за незаборавни средби за време на нејзиниот мандат. За Папата, за Трамп, за поранешниот канцелар Шредер – но, и за нејзината политика кон Русија. Поранешната канцеларка Ангела Меркел ги напиша своите мемоари. Неделникот „Ди Цајт“ сега објави извадоци од книгата со наслов „Слобода“. Изгледа најактуелна референца е описот на Меркел како за време на нејзиниот мандат се обидела да ја закочи желбата на Украина за брзо членство во НАТО, бидејќи се плашела од воен одговор од Русија. Во Киев до денес и се забележува на Меркел за нејзината политика кон Русија. Денес 70-годишната за клучниот самит на НАТО во Букурешт во 2008 година, кога се работеше на планот за кандидатски статус на Украина и Грузија, пишува дека „ја разбирав желбата на земјите од Централна и Источна Европа што побрзо да станат членки на НАТО“ и посочува дека „прифаќањето на нова членка не само што треба неа да ѝ донесе поголема безбедност, туку и на НАТО“.

 

На крај – компромис

Меркел ризици согледала на украинскиот полуостров Крим. „Таква комбинација со руски воени структури никогаш порано немало во ниту една земја кандидат за членство во НАТО.

Освен тоа, само едно мало малцинство од украинското население во тоа време поддржуваше членството на земјата во НАТО“, се потсетува таа. На крај се постигна компромис, кој имаше своја цена. „Фактот што Грузија и Украина не добија потврда за статус на МАП (кандидат за пристапување), значеше не за нивните надежи. Фактот што НАТО им даде генерално ветување за членство „за Путин значеше да за членство во НАТО на двете земји и беше објава на војна“, се потсетува Меркел.

Долго пред војната во Украина: Ангела Меркел, украинскиот претседател Петро Порошенко и Владимир Путин во 2014 година на комеморацијата на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците во НормандијаДолго пред војната во Украина: Ангела Меркел, украинскиот претседател Петро Порошенко и Владимир Путин во 2014 година на комеморацијата на 70-годишнината од истоварувањето на сојузниците во Нормандија

Подвиткувај, подвиткувај, подвиткувај

Меркел во своите белешки се сеќава и на нејзината прва средба со американскиот претседател Доналд Трамп. Во Овалната соба на Белата куќа во 2017 година тој ја прашувал за нејзината релација со Путин. „Тој очигледно беше многу фасциниран од рускиот претседател“, пишува Меркел. Трамп ѝ префрлал на Германија, таа одговарала со факти и бројки. Трамп сè гледал од перспектива на трговец со недвижнини кој сака да има некој имот.

На приватната аудиенција кај Папата Франциско неколку месеци подоцна, Меркел се осврнала на нејзината загриженост дека САД со Трамп ќе се повлечат од Парискиот климатски договор. „Без да споменувам имиња, го прашав како би се справувал со суштински различни мислења во рамки на група важни луѓе. Тој веднаш ме разбра и ми одговори директно: подвиткувај, подвиткувај, подвиткувај, но внимавај да не се скрши“, пишува Меркел.

 

Шредер по поразот

Значајна е и како Меркел дојде на власт во 2005 година. Дотогашниот канцелар од СПД, Герхард Шредер, не сакаше да го признае својот пораз на телевизија вечерта по сојузните избори. “Седев таму како да не сум дел од сето тоа, туку како да ја гледам сцената дома пред телевизорот. Постојано си велев: не влегувај во клинч со другите, тогаш и ти вербално ќе излезеш од контрола“, пишува Меркел.

Ѝ било сосем јасно дека доживува нешто посебно. „Имав големи сомнежи дали Герхард Шредер на ист начин ќе се однесуваше со маж“, се сеќава жената која по таа вечер владееше уште 16 години. (Dw)

Back to top button
Close