Рачна бомба фрлена во двор во семејна куќа во прилепско

 

„На 21.11.2024 во 8.45 часот во ОВР Прилеп, Е.Б.(25) од селото Десово, општина Долнени, пријавил дека околу 3 часот во неговиот двор во селото била фрлена експлозивна направа. Полициски службеници од ОВР Прилеп извршија увид и констатираа дека била фрлена рачна бомба. Од експлозијата биле оштетени неколку прозорци од куќата и две патнички возила, фолксваген голф и опел корса со прилепски регистарски ознаки, сопственост на Е.Б.“, соопшти прилепската полиција

Back to top button
Close