ГАЛЕРИЈА: На скопскиот аеродром „вработен“ е Дино – златен ретривер кој ги смирува вознемирените патници
Скопскиот аеродром објави дека има нов гостин – терапевтско куче, кое ќе ги смирува патниците кои се вознемирени пред да се качат на авион. Станува збор за Дино, куче од расата златен ретривер.
Патувањето може да биде стресно и токму затоа се потрудивме да го направиме вашето патување порелаксирано. Дино ќе биде присутен на излезите и со него ќе имате можност да се забавувате и опуштите пред вашиот лет – велат од Меѓународниот Аеродром Скопје
Оваа иницијатива на ТАВ Македонија е со цел создавање пријатна атмосфера на аеродромот и подобрување на искуството на патниците.