(ВИДЕО) Хаос на меч во Германија: 79 повредени, полицијата употреби солзавец
Натпреварот од германската регионална лига (група североисток) меѓу Карл Цајс Јена и Хама Лајпциг беше одбележан со масовни нереди на трибините. Во судирите на двете навивачки групи кои се во војна уште од времето на ГДР се повредени вкупно 79 лица.
Пресметките почнаа уште пред мечот, на улиците на Јена, кога беа поставени пиротехнички средства.Тоа ескалираше по крајот на натпреварот, кога гостите почнаа да фрлаат факели кон домашните навивачи.
30.11.2024 | 🇩🇪 #Regionaliga | #FCCBSG
#Jena vs. #ChemieLeipzig
Massive schlägerei hinter der Südkurve zwischen #FCC Jena und #Chemie #Leipzig ca 80-100 #Ultras und #Hooligans beteiligt #Polizei griff mit Tränengas und Schlagstöcken ein. #BSG
64 Verletzte #Pyro pic.twitter.com/vp9ecI1mO5
— Fanatico Football (@fanatico_japan) December 1, 2024
Следуваше хаос – урната е оградата која ги делеше навивачите, а потоа се случија нереди. Според полициското соопштение, повредени се 64 навивачи, 10 полицајци и пет лица од обезбедувањето
Органите на редот беа принудени да употребат палки и солзавец за да ја стават ситуацијата под контрола. На крајот успеале, но… Главниот инспектор на полициската станица во Јена изјави дека се поднесени вкупно 40 кривични пријави.
Некои германски медиуми јавуваат дека меѓу повредените има и случајни минувачи кои случајно се нашле на лице место и не учествувале во тепачката.