Јокиќ израмни рекорд на Меџик Џонсон
Центарот и капитен на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постигна трипл-дабл на натпреварот со Лос Анџелес клиперс во натпревар одигран рано утрово.
На средбата која ја добија Клиперс со 126:122, 29-годишниот Јокиќ постигна 28 поени, а забележа и 14 скока и 11 асистенции.
Така, српскиот кошаркар го повтори достигнувањето на членот на „Куќата на славните“ Меџик Џонсон со својот 138. трипл-дабл и стана трет во историјата на лигата по овој показател.
Пред Србинот се само Оскар Робертсон (181) и Расел Вестбрук (200