Водата од водоводот „Лукар“ е заматена поради дождовите, од ЈП „Комуналец“ советуваат да се преврива

Заматена е водата од регионалниот водовод „Лукар“ поради дождовите, треба да се преврива, информираа синоќа од јавното претпријатие „Комуналец“ во Кавадарци.

– Поради обилните дождови на локацијата каде што се наоѓаат изворите Лукар, дојдено е до заматување на водата. Се препорачува во следните 24 часа водата од градскиот водовод која се користи за пиење да се преврива – појаснија од комуналното претпријатие.

Во текот на вчерашниот ден, од претпријатието известија дека поради обилните врнежи од дожд и снег што го зафатија локалитетот на изворите Лукар, конкретно Стара река, дошло до енормно зголемување на дотокот на вода и поради таа состојба се намалил дотокот на вода на одредени места во градот. Како последица на тоа, на одредени локации во градот дошло до намалување, а некаде и до прекин во водоснабдувањето до крајот на вчерашниот ден

Back to top button
Close