Сиљановска-Давкова: Партиите да се воздржат од коментари и да остават Уставниот суд да работи согласно Уставот и Деловникот

Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска им порача на партиските лидери да се воздржуваат од коментари воочи одлуката на Уставниот суд по однос Законот за јазиците.

– Како партиски, како лични, како субјективни одлуките на Уставниот суд се конечни и извршни и лидерите на партиите и политичарите треба да се воздржат од коментар. Најмалку е што можат да сторат е да го остават Уставниот суд да си работи согласно Уставот и Деловникот, рече Сиљановска – Давкова како коментар на изјавите на партискиот лидер на ДУИ Али Ахмети во пресрет на одлуката на Уставниот суд за Законот за јазици.

Уставниот суд за утре ја закажа седницата на која ќе расправа по Законот за употреба на јазиците.

Опозициската Демократската унија за интеграција (ДУИ) неодамна со соопштение посочи дека укинување на која било одредба од Законот за употреба на јазиците не е само правен чин, туку директен удар врз стабилноста и мирот на државата.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close