Пукање во Мирковци, скопско – му отишле пред куќа и пукале во 40-годишниот сопственик

Четириесетгодишник од Мирковци, скопско, пријавил дека пред неговата куќа во селото дошол М.Е. со уште едно лице и поради нерасчистени должничко – доверителски односи, од огнено оружје испукал еден куршум кон него, но не го повредил.

Извршен бил увид од увидна екипа, а од местото била подигната една чаура за понатамошна постапка.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.

Back to top button
Close