Повеќе од 2 милиони евра буџетски пари исплатени за адвокати минатата година
Најмногу исплатиле општините и Град Скопје, кои лани потрошиле околу 1,1 милион евра, додека пак министерствата за адвокатски услуги издвоиле 1 милион евра
Адвокатите на општините и министерствата за своите услуги наплаќаат повеќе од два милиони евра годишно, покажува најновото истражување на Центарот за граѓански комуникации.
Ангажирањето на адвокати за општините и министерствата не е дел од пишаните правила на овие институции, а воедно и набавката на адвокатски услуги не е опфатена во Законот за јавни набавки.
Најмногу исплатиле општините и Град Скопје, кои лани потрошиле околу 1,1 милион евра, додека пак министерствата за адвокатски услуги издвоиле 1 милион евра. Оваа сума на исплатени пари е две третини од вкупниот предвиден буџет за сите државни институции заедно.
Град Скопје и Гази Баба се општини со најмногу исплатените суми за адвокати, додека кај министерствата тоа се за финансии, а по него за правда и труд и социјална политика.
Најмногу пари лани за своите услуги заработил адвокатот Влатко Ристовски, кому само Општина Гази Баба му исплатила повеќе од 6 милиони денари (90 илјади евра) во 2023 година