Костова: Потребно е зголемување на минималната плата на 500 евра
Кристина Костова, потпретседателка на СДСМ, на прес-конференција изјави дека во 2025 година е потребно зголемување на минималната плата на 500 евра.
„Не смееме да дозволиме работниците да бидат оставени на маргините на општеството… Растот на минималната плата не е само економска потреба, туку и морална одговорност на секоја влада“, изјави Костова.
Таа нагласи дека СДСМ нема да отстапи од грижата за обезбедување посигурен и квалитетен живот на граѓаните и стопантството и дека доколу и владејачката партија ВМРО исто така вистински се грижи за граѓаните, ќе ја зголеми минималната плата на 500 евра.
СДСМ има предлог и да се укине ДДВ-то за храна. Заедно со предлогот за покачување на минималната плата, ова се нивните обиди да помогнат на граѓаните да имаат попристоен живот, според пресот на Костова.