Мицкоски: Имам информации дека поранешни високи функционери се осомничени за криминал во Државна лотарија

Премиерот Христијан Мицкоски, во одоговор на новинарско прашање во Владата, во врска со денешната полициска акција во домот на Артан Груби, рече дека има само основни информации, но кажа оти има сознанија за сомнежи за криминал во Државна лотарија од страна на некои поранешни високи функционери.

„Во текот на ноќта имаше информации за акција на МВР на одредени области каде што постојат основани сомнежи дека има сторители на многу кривични дела кои се случиле во изминатиот период…. Ја користам приликата да им се извинам на граѓаните кои беа сведоци на нарушувањето, но верувам дека имаше основани сомнежи и затоа мораше да се случи полициската акција. Верувајте дека многу од минатите случаи ќе бидат откриени. Исто така, од информациите што ги имам, знам дека постојат сомневања за криминал во Државна лотарија од страна на некои поранешни високи функционери“, рече Мицкоски

Back to top button
Close