Во тек полициска акција на Одделот за сузбивање на организиран криминал
Во тек е нова полициска акција од страна на Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР.
Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираат дека се извршени претреси на повеќе локации и дека во моментот се продолжува со дел од претресите.
Претресите се поврзуваат со полициската акција што беше спроведена викендов, главно во Арачиново кога се апсеа соработници на водачот на криминалната група „Беланоца“ кој се наоѓа во затвор.
Повеќе информации најавуваат по завршување на истрагата.
Дел од медиумите објавија дека се пронајдени автоматско оружје, пушки и пиштоли во Арачиново