81-годишна скопјанка измамена за речиси 2 милиони денари
81-годишна жена од Скопје вчера (20 декември) пријавила дека била измамена за сума од 1.709.090 денари.
Наводно, два денови претходно, околу 08.45 часот, лице ја контактирало по телефон и ја излажалo дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајна несреќа со смртни последици. Тој ја уценил дека е потребно да даде пари за ќерката да не одговара пред законот. Жената ги дала парите и потоа сфатила дека е жртва на измама. Надлежните го разгледуваат случајот.