„Астра казино“ дел од празничната донаторска акција на Здружението на граѓани „Линк“
Како општествено одговорна компанија, „Астра казино“ своите хуманитарни активности годинава во пресрет на новогодишните и божиќните празници ги дополни со учество во празничната донаторска акција на Здружението на граѓанин „Линк“.
Компанијата учествуваше со донација на 50 новогодишни пакетчиња за децата во социјален ризик до руралните средини на територијата на градовите Скопје, Тетово и Куманово.
„Ни преставува чест и задоволство да бидеме дел од акцијата која што веќе шеста година по ред ја спроведува Здружението ‘Линк’. Акцијата има за цел да бидат поделени 1.000 новогодишни пакетчиња на 1.000 деца кои се од семејства во социјален ризик. Се надевам дека со овој наш скромен придонес ќе ги разубавиме претстојните празнични денови на овие деца и нивните семејства“, велат од компанијата.
„Астра казино“ и во наредниот период останува компанија посветена на спроведување хуманитарни и општествено одговорни активности во име на нашиот допринес кон заедницата во која што деловно работиме.
-pr-