Мицкоски: Изворот раскажувал и дека сум виден со две женски особи на Водно. Тоа е лага

„И тоа не е сè. Тука се покривани и мојата сопруга, моето семејство и мојот малолетен син. И двајцата, едниот е поголем, другиот е помал. Но, и тие се покривани физички. И затоа е сега стравот, затоа е сега стравот. Не е стравот заради друго нешто. Овие европски вредности ги промовираа овие луѓе. Дали ова се вистинските европски вредности, дали јас ви личам на човек кој што може да финансира пара полициско воено вооружена формација.

Затоа треба на овие злоупотреби еднаш засекогаш со реформа во овие служби да им се стави крај, за да не им се случува на оние генерации кои што доаѓаат по нас. Затоа што ако ова им се случува, ништо не сме направиле, за бадијала ни е сè и европски фронтови и Балкански фронтови и било што, ако ние во 21 век имаме ваков начин на злоупотреба на работата на безбедносните агенции”, дециден е Мицкоски.

На крај премиерот Мицкоски нагласи дека не само што и него што го следеле, туку за неговиот малолетен син што го следеле, ќе одговараат.

Back to top button
Close